Силна експлозија одекна вечерва во турскиот главен град Анкара, тврдат очевидци. Експлозијата се случила во котларница на турската Управа за јавни приходи во квартот Чукурамбар, јави телевизијата НТВ, цитирајќи изјава на гувернерот на Анкара. Според него, зградата била празна и во неа се наоѓале само припадници на обезбедувањето. Засега нема информации за евентуални жртви во експлозијата.
Кон местото на инцидентот се упатени возила на итна медицинска помош.
Ankara’da bulunduğum otelin hemen yanındaki vergi dairesinde doğalgaz patlaması oldu. İlk görüntüler.. pic.twitter.com/Gzyk0Dxdg1
— Furkan Bozoğlu (@BozogluFurkan) February 1, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.