| четврток, 6 декември 2018 |

Македонката Лилјана на „Фешн ТВ“

Манекенката Лилјана Илиевска беше единствената Македонка во Приштина, која беше дел од ревијата на италијанскиот дизајнер Маурицио Манза, кој креира модели за линијата на Мајкл Адам. Таа беше меѓу 15 модели од Хрватска, Босна и Херцеговина и од Албанија, кои носеа парчиња од најновата колекција „Џејмс Бонд“.

fashiontv520

Лилјана Илиевска

По ревијата се одржала и забава на „Фешн ТВ“, која, заедно со модната ревија, наскоро ќе биде прикажана на најпознатиот моден канал на светот.

fashiontv3_520

Лилјана Илиевска на оваа ревија настапи на покана од модното студио „Црнокрак“, кое со години има соработка со организаторите на овој голем моден настан.

fashiona520

Александра Грдиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top