| четврток, 6 декември 2018 |

Доминацијата на Чави продолжува и во Катар (видео)

chavi

Шпанскиот интернационалец Чави Ернандез по големиот успех кој го довижеа во својата кариера со Барселона и шпанската фудбалска репрезентација реши ова лето да ја смени средината и да премине во Катар во клубот Ал Сад.
Тој е избран за најдобар фудбалер за месец септември, и покажа дека се работи за врвен мајстор иако има 35 години.
На професионалец каков што е Чави не му требаше многу време да се прилагоди на новата средина и досега забележа четири асистенции и еден гол.
Ал Сад се наоѓа на третото место на табелата во катарскиот шампионат. Секако Чави ужива во Катар и е најголемата фудбалска ѕвезда во таа држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top