На 1.октомври 1975 година се одржа најдобриот боксерски меч во историјата на овој спорт. Тогаш лутите ривали и големи противници во и надвор од рингот Џо Фрејзер и Мухамед Али во глравниот град на Филипините, Манила како два камиона тргнати во фронтален судар буквално сакаа да се убијат во рингот.
Во едниот агол стоеше пoранешниот светsки шампион 31.годишниот Фрејзер додека во другиот беше три години постариот Али миленикот на публиката во целиот свет и актуелен шампион.
И двата боксера се едни од најдобрите во историјата на овој спорт и пред 40 години беа во самиот зенит на кариерата.
Историјата и ривалитетот меѓу најголемите боксери во светот започнува повеќе од 10 години овој меч кога Врховниот суд на САД му ја одзеде титулата на Али кога тој мораше да ја смени и верата за да не оди на отслужување на воениот рок, а подоцна и во војната во Виетнам. Тогаш Касиус Клеј (роденото име на Мухамед Али) имаше забрана од настапи, а доведен беше и пред затворска казна. Сепак неговиот голем противник Фрејзер мојеќи го претседателот на САД, Ричард Никсон издејствува враќање во рингот на Али за подоцна и да се закаже овој меч во Манила.
Пред овој меч по враќањето на Али од суспензијата тие двајца боксери се сретнаа во Мадрид 1971 година кога Фрејзер успеа да победи на поени. Тогаш тој го доживеа првиот пораз во својата кариера во ринг.
Мечот во Манила заврши во 14.рунда откако тренерот на Фрејзер неможејќи да го гледа повеќе тешко повредениот боксер го фрли пешкирот и ја прекина борбата. Подоцна Џо му се лутеше на својот тренер и потсети дека го молел да ја смени одлуката и да го продолжи мечот.
Сепак двајцата боксери примија доволно удари. Едниот слеп и претепан, другиот истотака претепан и изнемоштен ја завршија историската борба со победа на можеби најдобриот боксер во историјата, Мухамед Али,за која до ден денес се зборува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)