Моментно еден од најдобрите голмани во Македонија, Филип Гачевски, клекна пред мисицата Деспина Царева. Популарниот Гача, кој ги брани боите на црвено-црните од Скопје, вчера, на денот на роденденот на својата сакана, а воедно и Денот на љубовта, верата и на надежта, ја побара за сопруга новинарката, водителка и моделка, штипјанката Деспина.
Деспина на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографии од прстенот и романтичната соба во која таа го изговорила судбоносното „да“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.