| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно големо признаение, Начевски – Николов ќе судат на ЕП во Полска

nacevski - nikolov

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, долги години се меѓу најдобрите судиски двојки во светот, а тоа го потврдуваат и со редовното учество и делегирање од страна на ЕХФ на најитересните натпревари од Лигата на шампиони како и судење на светските и европските првенства.
На три месеци пред почетокот на Европското првенство во Полска 2016, европската куќа на ракометот не ги изостави ниту за ова првенство и им укажа големо признание сврствувајќи ги во списокот од 12 судиски двојки за престојниот шампионат.

– Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија)

– Андреј Гуско и Серхеј Репкин (Белорусија)

– Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)

– Вацлав Хорацек и Јиржи Новотни (Чешка)

– Мартин Гјединг и Мадс Хансен (Данска)

– Оскар Ралуј и Анхел Саброзо (Шпанија)

– Стеван Пошон и Лорен Ревере (Франција)

– Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг (Германија)

– Зигмарс Столаровс и Ренарс Лисис (Латвија)

– Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека (Португалија)

– Богдан Старк и Ромео Стефан (Романија)

– Михаел Јохансон и Јамин Клико (Шведска)

Европското првенство ќе се оджри во период од 15.јануари до 31 јануари во Полска. Македонија е редовен учесник, а на овој шампионат е во супертешката група А заедно со домаќионот Полска, актуелниот европски, светски и олимписки шампион Франција и со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top