| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанка растури на бугарскиот „Икс-фактор“ (ВИДЕО)

alekskandra x faktor

Дваесетгодишната Александра Кукушев од Штип се пријави на музичкото шоу „Икс-фактор“ во Софија и со својот настап ја освои и публиката и жирито. Таа ја испеа „Piece of My Heart“ на Џенис Џоплин и повеќе од заслужено продолжува понатаму.

Младата штипјанка смета дека бугарската верзија на шоуто е подобра од српската. Според неа на бугарската музичка сцена има многу добри ар-ен-би песни, а тоа е стилот во кој таа сака да продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top