На идентичен начин со пресврт по негативата од 0-1, двете екипи од Манчестер, Сити и Јунајтед славеа победи од 2-1, вечерва во второто коло од Лигата на шампионите. Јунак на денот е Кристијано Роналдо со два гола за Реал Мадрид, првиот против Малме јубилеен петстоти во неговата кариера.
Реал победи со 2-0, резултат со кој и актуелниот европски вицешампион Јувентус ја надигра Севилја. Најубедлива победа вечерва забележа Пари Сен Жермен против Шахтар на гости со 3-0, а успех и три бода прокнижија и ЦСКА Москва по триумфот од 3-2 со ПСВ Ајндховен, односно Бенфика со победа од 2-1 во Мадрид против Атлетико.
Премиерно денеска убав успех забележа и Астана од Казахстан со првиот освоен бод во ЛШ во клупската историја по ремито 2-2 со Галатасарај.
Резултати и стрелци: Астана – Галатасарај 2-2 (Балта автогол 77, Кањас 89 – Киса 31, Ериќ автогол 86), Манчестер јунајтед – Волфсбург 2-1 (Мата 34 пенал, Смолинг 53 – Калиџури 4), Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити 1-2 (Штиндл 54 – Кристенсен 65 автогол, Агеро 90 пенал), Малме – Реал Мадрид 0-2 (Роналдо 29 и 90), Јувентус – Севилја 2-0 (Мората 41, Заза 87), Атлетико Мадрид – Бенфика 1-2 (Кореа 23 – Гаитан 36, Гведес 51), Шахтар – ПСЖ 0-3 (Ориер 7, Луиз 23, Срна 90 автогол).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



