| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно применета тромболитска терапија во Клиничката болница во Штип

Во Клиничката болница во Штип успешно е аплицирана тромболитска терапија на 62-годишен пациент со исхемичен мозочен удар.

bolnica stip

Невролозите и неврохирурзите од болницата денеска на прес-конференција истакнаа дека пациентот е во добра здравствена состојба и веќе е пуштен на домашно лекување.

Неврологот Елена Личкова рече дека тромболитската терапија не може да се примени кај секој пациент, туку постојат строги критериуми кои треба да се почитуваат. Пациентот треба да ја прими најдоцна за четири часа откако ќе се појават првите симптоми за мозочен удар.

– Колку порано се примени терапијата, толку имаме поголеми шанси да добиеме пациент со помал инвалидитет и поголема функционалност. Најважно е населението да биде добро едуцирано за рано препознавање на мозочните удари, посочи Личкова.

Лекарите од Штипската клиничка болница тромболитската терапија почнаа да ја аплицираат од неодамна, а беа извршени и обуки од неврохирурзи од Белград. Досега со оваа терапија се третирани двајца пациенти од источна Македонија и тие се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top