Казахстанскиот првак Астана го освои првиот бод во клупската историја во Лигата на шампионите во возбудлив меч против Галатасарај. И тоа во натпревар кој комплетно мина во знакот на бројот два. Имаше два автогола, по еден на двете страни, а мечот заврши нерешено, 2-2.
Галатасарај на двапати водеше, а Астана на двапати се враќаше во игра и на крајот освои вреден бод. Киса со прекрасен погодок им донесе предност на гостите од Турција во првото полувреме. Во 77. минута Балта со автогол израмни на 1-1, потоа и домашниот голман Ериќ сам си даде гол, па Галатасарај водеше со 2-1, но Кањас не дозволи гостите да се радуваат и со интересен погодок со глава од 16 метри и донесе бод на Астана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.