| четврток, 6 декември 2018 |

Металург игра се подобро, Работнички настрада во Автокоманда (28-15)

metalurg-12

Подмладениот состав на Металург фати залет и игра се подобро, а вечерва демонстрираше моќ и го прегази Работнички со 28-15 во меч од македонската ракометна Суперлига. Освен топлото добредојде од навивачите за „старите“ металурзи во Управата на Работнички и во играчкиот кадар се друго беше непријатна епизода за гостите од Градскиот Парк.

На теренот како да постоеше само една екипа, домашната, а разликата од 13 голови говори доволно за разликата во квалитетот. Работнички поведе со 1-0, а потоа следуваше фуриозна игра на металурзите и експресно на семафорот стоеше резултат од 10-2 за домаќините.

Вториот стрелец во Лигата на шампионите, Јанко Божовиќ со 6 погодоци го предводеше Металург до убедлива победа, а идентичен учинок од 6 гола имаше и Никола Костески. Кај Работнички Александар Василевски беше најзабележителен со 5 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top