Една чаша посолена вода ги отфрла отровите од телото и ги отстранува непотребните бактерии кои се штетни за организмот. Покрај детоксикацијата помага и за чиста и нежна кожа.
Овој напиток, во кој акцентот се става на лажичка морска сол, е многу делотворен. Нутриционистот Мет Стоун го препорачува овој напиток, бидејќи е богат со минерали, добар за хидратација, но и за детоксикација.
Постои теорија дека алкалите на минералите во солта позитивно влијаат при проблеми со коските, посебно кај луѓето кои страдаат од остеопороза.
Минералите во солта го смируваат и нервниот систем, а доколку ве мачи несоница чаша млака посолена вода ќе ви помогне подобро да заспиете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.