| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со симболични цени ќе се обиде да ја врати публиката во „Борис Трајковски“

Македонскиот преставник во ракометната Лига на шампиони, Металург в сабота го игра третиот натпревар од најеминентното натпреваруње во Европа против Елверум. По победата во второто коло над Кадетен Шафхаузен управата на клубот реши со полуларни цени да ги привлече вистинските вљубеници на ракометот на трибините.
Со популарни цени од 60 до 150 денари е добра препорака повторно да ја видиме салата во СЦ „Борис Трајковски“ исполнета до последното место.

– Металург ве повикува заедно да испишеме уште една страница во македонската ракометна историја, со наши сили, за нас. Без вас ние нема да бидеме тоа што сме, синоним и гордост на македонскиот ракомет – повикуваат од РК Металуг преку клупскиот сајт

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top