Навивачите на Динамо Загреб кои отпатуваа во Минхен добија поддршка од симпатизерите на Баерн Минхен.
Популарните „Бед Блу Бојс“ најавија дека ќе присуствуваат на натпреварот од Лигата на шампионите и најавија пеколна поддршка на своите играчи, но и секогаш добро познатите скандирања против потпретседателот на „модрите“ Мамиќ, кој ги влече сите конци во тимот.
Веројатно во координација и договор со „БББ“, во текот на мечот фановите на Баерн извадија транспарент со непристојна порака за контроверзниот потпретседател.
„Мамиќ е.. с.“ – пишуваше на транспарентот на германски јазик.
Се очекува реакција од Мамиќ и знаејќи го, таа може да биде доста жестока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.