| четврток, 6 декември 2018 |

Икер Касилјас е играчот со најмногу настапи во ЛШ

Шпанската голманска легенда Икер Касилјас кој летово по цели 16 години го напушти Реал Мадрид и премина во редовите на Порто, синоќа го имаше својот историски настап.
Португалскиот клуб славеше во победата над Порто со 2-1, а „Сан Икер“ го одбележа 152. настап во Лигата на шампионите.
Тој изби на првото место, пред Чави Ернандез кој има забележано 151 средба. Бројот на натпревари за Касилјас може многу да порасне бидејќи Порто има квалитетен состав и може многу далеку да ти стигне оваа сезона во Лигата на шампионите, а голманот е неприкосновен меѓу стативите.
Најблиску од активните фудбалери е Кристијано Роналдо со 116 настапи за Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Касилјас дебитираше во 1999 година на мечот против Олимпијакос, а во неговата кариера трипати го има кренато „Клемпавкото“, во 2000, 2002 и 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top