| четврток, 6 декември 2018 |

Не разговарајте на мобилен додека возите, казната е 45 евра

Со новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот предвидена е казна од 45 евра доколку разговарате или испраќате СМС пораки на мобилен телефон додека возите.

telefoniranje-u-automobilu-foto-milena-djordjevic-6-620x350

Користење на мобилен телефон

Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило, стои во законот.

По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце.

Во спротивно предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top