Актуелниот европски шампион Барселона делуваше анеминчно на вчерашниот натпревар во рамките од второто коло во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен, прв на „Камп Ноу“ против Баер Леверкузен и забележа тешка победа од 2-1. Барса до победата дојде дури во 82 минута со голот на Луис Суарез откако Леверкузен имаше предност цели 80 минути.
Навивачите на каталонскиот гигант се незадволни од играта и секако не се научени нивниот миленик да игра подредена улога на теренот. Голем удел за лошата игра има и повредата на главната ѕвезда Лионел Меси кој ќе отсуствува од терените околу шест недели.
За првпат сезонава навивачите им упатија свирежи на многу фудбалери на Барселона, почнувајќи од голманот Тер Штеген кој брани во очајна форма, не го одминаа ниту дефанзивецот Матије, за на крај Нејмар биде испратен со иста мера.
Ваквиот однос не им се допадна на фудбалерите и секако на тренерот Луис Енрике.
– Оваа екипа заслужува повеќе кредит и повеќе верба во неа. Работите можат да одат на подобро или на полошо, но фудбалерите секогаш се трудат. При резултат 0-1 ни беше очајно потребна поддршката, но таа дојде кога го свртевме резултатот. Можат да ни свират на крајот на натпреварот, но не е коректно тоа да се случува во текот на мечот. Добро би ни дошла малку повеќе доверба – изјави Енрике.
Со сличен став е и Нејмар кој бара подршка од навивачите.
– Тешко ни е на нас, фудбалерите, кога навивачите не се со нас. Среќен сум за победата, но мислам дека ни треба малку повеќе поддршка. Моравме да играме со Меси и победата ни ја враќа самодовербата – изјави Бразилецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.