30 септември 1997 година… Замина Анче Џамбазова, легендарната актерка, ќерка на Петре Прличко, сопруга на маестро Александар Џамбазов, мајка на легендарниот Игор Џамбазов… Актерска легенда, чии улоги оставија белег во македонската филмска и театарска историја…
Денеска на неа потсети нејзиниот син Игор…
Во чест и спомен на баба Анче…со љубов…
30-ти септември…1942-1997-2015
Во чест и спомен на баба Анче…со љубов… 30-ти септември…1942-1997-2015
Posted by Emilija Dzambazova Bavchanska on Wednesday, 30 September 2015
А какви се спомените на Александар Џамбазов за својата сопруга…
Ја запознав летото 1960 година пред да одам во војска, на летување во Охрид бев со Томислав Зографски, Михајло Николовски, Зоран Димитровски, а Џувалековски имаше вила кај Канео. Тука простор за сончање, јас со гитарата. Петре Прличко снимаше „Солуснките атентатори“, а таа со маќеата беше сместена кај „Св. Софија“. Маќеата лаже Анче се капе, а јас и Анче со друштвото пеш до синдикален дом на игранка. Ја фатив со гитарата. 1961 година го сними „Мирно лето“, во Охрид и во Скопје. Како сега се сеќавам, откако се запознавме одиме на корзо. Се наоѓаме во понеделник, таа плаче. Што ти е бе злато, што ти стана? Директорот на училиштето го викнал татко ѝ. Класната му кажала дека ја виделе Анче со неколку девојки и едно момче, кое ѝ ја ставило раката преку рамото. Тоа не смеело. Татко ѝ ја испокарал… Моравме девојките да ги враќаме во осум часот. Една вечер доцневме четири минути. Татко ѝ не ја прима, нека спие кај комшиите. А, ми беа љубоморни за Анче. Дошол белградскиот ѓак, им ја фатил најубавата девојка. Анче секој ден ја пуштала мојата песна „Песна повратка“ од плочата од Опатија. Вљубена. Прличко ѝ викал, доста ма, секој ден тоа, па тоа, само тоа. Еден ден се бричел, Анче си пеела, и тој се свртел; „ааа му ја пееш песната на Ацо музикантот“. Таа пресреќна, татко ѝ ме знае… Во 1962 година се регистриравме. Прличко една ќерка, ќе ја регистрира. Тој пријател со сите. Министер за внатрешни работи беше Кочо Битољану. Доаѓаат на свадба сите, 300 гости, Петре ќе плаќа. Јас само што почнав со музика, а веќе популарен. Давам документи и настанува шок. Јас во крштеницата Александар Методиев Николиќ. Воена книшка Александар Џамбазов. Жената кажува не може да нѐ регистрира, Прличко шок… Кочо Битољану гостин и одма потпишува дека лицето тоа и тоа е едно исто, става потпис и ние се регистриравме. Е, по години, кога Прличко се шегуваше со мене, велеше: „Абе кај го најде овој музичар. Ја бараа тројца конзули и двајца амбасадори, јас на музикант ја дадов“. А после ќе се свртеше и ќе речеше: „Ама си го сакам повеќе од Анче“.
Ова се дел од сеќавањата на маестро Александар Џамбазов за првата средба со сопругата, легендарната македонска актерка Анче Џамбазова, која прерано го напушти овој свет. Џамбазов ден-денес ги чува сите писма што Анче му ги праќала во војска:
– Страв ми е да ги отворам. Секој ден Анче ми пишуваше. И кога ќе не наредат да читаат пошта прво викаа Џамбаз. Сите знаеја дека во понеделник или вторник ќе добијам две писма, пратила и сабота и недела. И коментираа, овој повторно има писма. Поради тоа и Мичо Орловиќ ми го даде тој текст за „Љубов и мотор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)