Јапонскиот премиер Шинsо Абе на обраќањето во Генералното собрание на ОН изјави дека неговата земја ќе додели околу 1,6 милијарди долари за помош на сириските и ирачки бегалци, односно за враќање на мирот во зафатените од војна делови на Блискиот Исток и Африка, пренесе МИА.
Абе најави дека за помош на бегалците Јапонија во 2015 година ќе додели 810 милиони долари, што е за три пати поголем износ од минатогодишниот. Дополнителни 750 милиони долари ќе бидат дадени за изградба на мир во воените зони.
Јапонскиот премиер, сепак, отфрли секаква можност Јапонија да прифати бегалци од воените подрачја. Јапонија минатата година даде азил на 11 лица, од 5,000 кои поднеле барање.
– Што се однесува на популацијата, мораме да сториме многу повеќе пред да почнеме да прифаќаме имигранти. Јапонија сака со промена на околностите кои доведоа до раст на бројот на бегалци да помогне во решавање на бегалската криза, изјави јапонскиот премиер Абе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Повеќе од 330 луѓе загинаа во временските непогоди во Јапонија
-
Доаѓа тајфун, откажани над 100 летови во Јапонија: По поплавите и топлотниот бран нова непогода



