| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно откриено кој го позајмува гласот на познатата „Очи боје дуге“

1

Долго време не се знаеше кој е женскиот вокал кој стои позади големиот хит на Игор Тодоровиќ, најпознат како Др. Изи во деведесетите. За песната „Очи боје дуге“ српскиот композитор долго беше критикуван, посебно од страна на Леонтина и Гоца Тржан, бидејќи наместо пејачката која го позјамува вокалот, тој ангажираше „отворачка на уста“.

По години, конечно е откриено дека оваа песна ја изведува Ивана Петерс, српската пејачката најпозната по групата „Негатив“.

ivana negativ01_RAS_foto Petar Markovic_1000x0

– Спојот на бојата на гласот, начинот на кој ја испеав и текстот, можеби тоа направи хит од песната. Сега ми делува наивно и би ја отпеала во потполно друг аранжман. Многу работи би променила сега после толку време – вели Ивана за „Мондо“.

Познатата пејачка неодамна имаше два помали инфаркти, кои како што вели целосно го промениле нејзиниот поглед и начин на живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top