Издавачката куќа Готен, во соработка со Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, ќе го одбележи 30-ти Септември, Светскиот ден на преведувачите. Во духот на партнерите поврзани во мрежата Традуки, издавачката куќа Готен, Пен Центарот на Босна и Херцеговина, Издаваштвото Гога од Ново место, Словенија, здруженијата на граѓани: Крокодил од Белград, Курс од Сплит и Мултимедијалниот центар од Приштина, денот ќе се одбележи иновативно, со јавна преведувачка работилница, која ќе ја изведе еден од најдобрите македонски преведувачи, Огнен Чемерски, познат во јавноста, по седумгодишната мунициозна работа врз преводот на Моби Дик од Мелвил. Ваквиот тип на настан ќе се изведе во сите центри од мрежата на Традуки.
Концептот на работилницата е таков што преведувачот работи директно на превод на избран текст. Неговиот процес на работа, директно на хартија или на компјутер се снима со камера и се прикажува на видео бим. Со тоа публиката има можност да се увери во тежината на преведувањето во нејзините техники, мистерии и проблеми. Ќе може веднаш да поставува прашања, објаснува Чемерски:
-Ќе преведувам извадок од „Били Бад“ од Херман Мелвил. Тоа е дело што сакам да го преведам во иднина. Го избрав затоа што ја сакам книжевноста на Херман Мелвил, Дејството и на ова дело, како во „Моби Дик“ се одвива на едреник и се’ во делото е полно со симболика. Јазикот на Мелвил е богат и старински, а делото изобилува со поморјанска терминологија. Тоа се работи што ги истражував долго време. Иако мислам дека со јавното преведување може да се наѕре само во мал дел од преведувачкиот процес, мислам дека само ако работам на нешто што го сакам, на нешто во што сум упатен и што добро го познавам, можам да покажам за каков преведувачки пристап се залагам и навистина да споделам со присутните нешто што можеби има каква-таква вредност. Ќе се обидам да ги објаснувам преводните решенија во од, ќе се обидам да размислувам гласно, да разговарам со присутните. Тоа никако нема сосема да личи на начинот на кој работам дома и нема целосно да го долови, зашто тогаш сум осамен и крајно задлабочен. Комуницирам само со изворниот текст, со делото, со себе и со речниците, со другата книжевност со која беседи тоа дело и со македоснките преводи на таа книжевност на македонски, ако ја има во превод. Огнен Чемерски е преведувач, леκтоρ на Κатедρата за англисκи јазиκ пρи Филолошκиот фаκултет „Блаже Κонесκи“ во Сκопје
Со оваа работилница сакаме да укажеме на фактот дека преведувањето не е само на јазично, ами на многу поголемо ниво. Дека за квалитетен превод е потребно огромно познавање не само на јазиците, туку и на културите кои се преведуваат. Дека книжевниот превод е еден вид доближување на културите и имагинациите. Дека бара слобода, критичност и голем дух, кој во актуелната културна клима во земјата не се негува. И дека тој дух дополнително се притиска со краткоста на роковите и малите преведувачки надоместоци.
Пред работилницата издавачката куќа Готен ќе ги претстави и преведувачите ангажирани на преводни изданија од оваа куќа во рамките на проектот за литература од Програмата Креативна Европа на ЕУ, која Готен втора година по ред го добива, велат од Готен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик