| четврток, 6 декември 2018 |

Од Прилеп стартува вториот карван на Саеми за вработување

саем

Од Прилеп денеска стартува септемврискиот втор по ред карван на Саеми за вработување низ државата, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На саемот на граѓаните ќе им биде овозможено преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавци.

На отворањето на новиот карван за саемите за вработување, ќе се обрати Влатко Попоски, директор на Агенцијата за вработување, и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Излагања и презентации, како што е најавено, ќе имаат и дел од компаниите учеснички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top