| четврток, 6 декември 2018 |

Второ издание на Саемот за вработување и кариера

Од денеска до 7 мај, во организација на Бордот на eвропски студенти по технологија-БЕСТ Скопје, на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11. по ред Саем за вработување и кариера (Job Fair Vol.2).

Саемот има цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или практика во една од водечките компании во Македонија.

– Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да ја претстават својата кратка биографија. Предвидени се и обука и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат – велат организаторите.

Сите заинтересирани студенти може да се информираат за програмата и да ја остават својата кратка биографија на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чијато база на податови е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top