Екипата на Арсенал доживеа голем шок на својот стадион „Емирати“ во рамките од второто коло од Лигата на шампионите, откако вечерва беше поразена од грчкиот шампион Олимпијакос со 2-3.
„Црвено-белите“ од Пиреја на трипати водеа во текот на мечот, а избраниците на Арсен Венгер успеваа на двапати да го израмнат резултатот, но не и да дојдат до целосен пресврт.
Грците поведоа со голот на Пардо во 33 минута, но Арсенал веднаш израмни по само две минути, а стрелец беше Волкот.
До полувремето Олимпијакос повторно поведе по една несмасна интевенција на голманот Оспина. Во вториот дел по целосната доминација на Арсенал Санчез повторно го израмни резултатот во 65 минута, но веќе во следниот напад Олимпијакос дојде до големи три бода на гостувањето во Лондон.
По две одиграни кола Арсенал доживеа два порази, и ќе има тешка задача да дојде до едно од двете места во групата кое води во следната рунда бидејќи веќе во следното коло го чека тежок меч против забрефатниот Баерн Минхен.
Во истата група Ф, Баерн Минхен со „петарда“ го почести Аријан Адеми и неговиот Димано Загреб на „Алијанц Арена“. Левандовски повторно беше во елемент и постигна хет-трик на овој дуел. Останатите два гола беа дело на Даглас Коста и на Геце.
Европскиот шампион Барселона по ремито одиграно на „Олимпико“ во Рим против Рома, се намачи во второто коло против „фармацевтите“ од Леверкузен, но сепак извојува победа од 2-1. Баер поведе со голот Пападопулос го отвори резултатот во 21. минута откако Тер Штеген несмасно реагираше. „Каталонците“ се мачеа да дојдат до израмнувачки погодок, а тоа се случи дури во 80. минута кога Лено кратко ја одби топката до Серхи Роберто по ударот на Ел Хадади. Веќе во следниот напад Луис Суарез со прекрасен гол го комплетираше пресвртот и ја донесе на Барса првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите во групата Е.
Резултати:
Група Е: Барселона – Баер Леверкузен 2-1, Бате Борисов – Рома 3-2
Табела: Барселона 4, Баер 3, Бате 3, Рома 1 бод
Група Ф: Баерн Минхен – Динамо Загреб 5-0, Арсенал – Олимпијакос 2-3
Табела: Баерн 6, Олимпијакос 3, Динамо 3, Арсенал 0 бодови
Група Г: Порто – Челси 2-1, Макаби Тел Авив – Динамо Киев 0-2
Табела: Динамо Киев 4, Порто 4, Челси 3, Макаби 0 бодови
Група Х: Зенит – Гент 2-1, Лион – Валенсија 0-1
Табела: Зенит 6, Валенсија 3, Гент 1, Лион 1 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)