| четврток, 6 декември 2018 |

Со три милиони евра Железничката станица со сосема поинаков изглед (ВИДЕО)

Реконструирање и модернизација на пероните, обновени чекалниците, тоалетите, нови ескалатори и лифтови, подобрена билетарница, се само дел од проектите завршени во првата фаза од целосната реконструкција на Железничката станица во Скопје, која официјално ќе биде пуштена во октомври.

Ова е прво реновирање, на некогаш најмодерниот сообраќаен центар на Балканот по 34 години, односно од нејзината изградба по проектот на Кензо Танге.

Проектот е вреден околу три милиони евра, обезбедени преку фондовите на ИПА. Во втората фаза на перонот ќе бидат поставени и видеотабли за информации. За побрза услуга за патниците, ќе бидат поставени и два апарата за издавање карти.

Покрај реконстрирањето на железничките станици, забрзано се работи и на обнова на постојните и изградба на нови пруги низ земјата.

Подготви: Марина Костовска
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top