Завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори. Од полноќ, па сѐ до 19 часот в недела, кога завршува гласањето, е изборен молк.
Вториот круг избори ќе се одржат в недела, на 7 април, во 29 општини и во Градот Скопје, а истиот ден првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени.
Локалните избори, според ДИК, ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи. Стејт департментот и меѓународната мисија на ОБСЕ и на ОДИХР изборите ги оценија, главно, како мирни и со помали инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


