| четврток, 6 декември 2018 |

Која вежба најбрзо ги топи килограмите?

Сакате да ослабнете? Се зачленивте во сала за вежбаље, но на кој реквизит да посветите најголемо внимание. На кој од нив ќе постигнете најдобри резултати, односно на кој најбрзо ќе ја подобрите кондицијата и ќе ја стесните половината и на кој кардиореквизит согорувате најмногу калории?

Екипата на „Хафингтонпост“ ги тестирала најпопуларните реквизити и го заклучиле следново:

teretana

Велосипед

„Возењето“ велосипед ги активира големите мускули на нозете и согорува 500 до 1.000 калории на час. Но, поголемиот број од луѓето не избираат отпор што стимулира согорување калории, туку чека природното движење на педалите да ја заврши работата за нив. Доколку сакате резултати, одредете отпор од кој тешко ќе дишете.

Трчање на подвижна лента

Трчањето на подвижна лента може да согори 600 до 1200 калории на час. А трчањето по нагорнина (на некои ленти може да се намести посакуван агол)  е најдобар начин на забрзување на метаболизмот и тоа со часови откако ќе престанете со вежбањето. За споредба, одењето по лентата согорува само 150 до 400 калории на час, во зависност од брзината и аголот. Избегнете ја и вообичаената грешка и не држете ги држачите постојано. Тие се тука да ви помогнат само доколку имате поголеми тешкотии со рамнотежата или пак морате да се стабилизирате поради промена на положбата или брзината.

Елиптичните реквизити

Станува збор за сите реквизити од типот на „орбитрек“. Тие кај кои нема движење со рацете согоруваат околу 600 калории на час, а тие што вклчуваат и движење со рацете од 700 до 900 калории на час. Доколку во текот на движењето тешко дишете тоа значи дека сте на доволно големо ниво на отпор. Ако, пак, не ги чувствувате контракциите на мускулите, веројатно треба да го зголемите отпорот.

Направа за веслање

На направата  на која ги имитирате движењата на веслањето можете да согорите преку 1.000 калории на час. Ова е одлична вежба за издржливост на мускулите на горниот и на долниот дел од телото, како и за здобивање кондиција. Но, може набру да ви стане здодевна. За да ја избегнете здодевноста, наизменично работете интезивни интервали и лесно веслање. Притоа, не користете ги само рацете, туку и мускулите на нозете.

Сепак, важно е да се знае дека без разлика кој кардиотренинг ќе го одберете, потребно е редовно да се менува начинот на вежбање и да се вклучи нешто ново, на што телото уште не се навикнало и што за него претставува предизвик. Значи, ако секогаш одите, пробајте малку велосипед, а ако секогаш трчате, обидетет се со малку веслање. Ова ќе биде предизвик за телото и ќе овозможи максимално согорување на калориите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top