| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи се закани дека ќе употреби оружје на северот на Косово

Косовскиот премиер Хашим Тачи најавил освојување на српските општини во северниот дел на Косово, пишуваат медиумите во Србија повикувајќи се на оперативни информации на Безбедносната агенција според кои Албанците подготвувале операција под името „Бура на север“.

Тачи, пак, вчера му се заканил на Белград дека доколку Србија одбие да го потпише договорот со Приштина, ќе употреби оружје, односно инстутициите на Косово ќе воспостават власт на северот на државата.

Српските медиуми изјавата на Тачи ја толкуваат како закана за војна со „дипломатски речник“. Според косовскиот премиер имало две сценарија за решавање на проблемите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Првиот, Србија да го прифати договорот поддржан од ЕУ и од САД, а другиот, е Србија да го одбие предлогот за договор и во тој случај сите институции на Косово со помош на меѓународната заедница ќе ги прошири своите надлежности и на север.

– Тоа решение би било најтешко за Србите – рекол Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top