Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, му соопштил вчера на францускиот премиер Жан Марк Еро дека повеќе нема за што да разговараат со Приштина затоа што Косово не сакало да ги промени ставовите.
– Веќе нема за што да се води дијалог затоа што Приштина не сака да ги помести своите ставови. Србија, практично, не ни учествуваше во преговорите, туку до сега се зборуваше за тоа како да ги укине своите институции и Србите од северот на Косово да ги вметне во косовскиот систем. Се зборуваше и дека тие ќе ни понудат широка автономија за Србите во Косово, но од тоа нема ништо и ние сега имаме рок до вторник да се изјасниме за тој предлог, рекол премиерот на Србија.
Дачиќ рекол дека Србија нема ниту еден искрен пријател на Запад, кој би имал повеќе разбирање за нејзините ставови за најважните прашања што го мачат регионот. Според српскиот премиер, тоа ја довело Србија во ситуација да се наоѓа во „жив песок“ во кој тоне сѐ подлабоко секоја година затоа што тоа за што се залага не допира до свеста на тие што денес решаваат во ЕУ.
Двајцата премиери потсетиле на историското пријателство на Србија и на Франција, но Дачиќ им префрлил и на Французите дека, за жал, во последните децении тоа пријателство било повеќе дел од учебниците за историја отколку во реалната политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


