| четврток, 6 декември 2018 |

Двојно зголемен бројот на такси-возила во Гевгелија

За неполни три месеци, поточно од средината на јули до денеска, период во кој се актуализира превозот на емигрантите од Гевгелија кон Табановце, бројот на такси-возилата во општината се зголемил повеќе од двојно, соопшти денеска службата за односи со јавноста на Општина Гевгелија.

Taksi

 

Во наведениот период, општина Гевгелија издала 62 изводи од лиценци за вршење такси-превоз, односно повеќе од претходно издадените на регистрираните такси-компании, што значи дека за неполни три месеци општината добила нови 62 такси-возила.

Покрај изводите од лиценци, од надлежната комисија на општина Гевгелија издадени се уште стотина сертификати за такси-возачи што укажува на двојно зголемување и на бројот на таксистите.

Во најголемиот шпиц на превозот на емигранти, и покрај наведените податоци, гевгеличани тешко наоѓаа слободни такси-возила за своите потреби. Сега, кога нивниот превоз се пренасочи по железнички пат, такси-возилата може да се забележат насекаде по градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top