Откритието дека на Марс има вода, е едно од најголемите во историјата на човештвото, а пребарувачот „Гугл“ еден ден откако НАСА ја потврди оваа информација, својот интернет-пребарувач му го посвети токму на тоа.
Така, Марс се најде во зборот Google, како втората од двете букви „о“, а прикажан е со чаша вода и сламка во раката, како задоволно се смешка.
Да се потсетиме: НАСА вчера ја „разби“ мистеријата на Марс, откривајќи дека се пронајдени докази за постоењето вода на Црвената планета, па сосема нормално оваа вест мораше да биде обележана и од „Гугл“, кој сите поважни датуми и големи настани редовно ги обележува со илустрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




