| четврток, 6 декември 2018 |

Токио го сака каратето на ЛОИ 2020 година, шанса за олимписки медали на македонските каратисти

loi

Јапонија ќе биде домаќин на летната олимпијада во 2020 година, а веста дека организаторите на Игрите во Токио побараа и каратетото да биде вклучено во програмата, ги израдува нашите каратисти. Јапонците предложија пет нови спортови да бидат олимписки за пет години и според правилата на Меѓународниот олимписки Комитет, имаат право на тоа, а заедно со каратето предложени се и безболот, скејтбордот, спортското планинарење и сурфингот.

Конечната одлука дали МОК ќе го прифати предлогот на Јапонците за овие пет спортови како олимписки во 2020 година, ќе биде донесена на состанок на следните ЛОИ во Рио Де Жанеиро следната година. Каратето во Македонија има долга традиција и е еден од најтрофејните спортови кај нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top