Евертон направи пресврт против Вест Бромвич Албион и по 20 години победи на меч на гостински терен по негатива од два гола, а најмногу радост тимот од Ливерпул му донесе на англиски обложувач. Популарните „карамели“ му засладија добивка од 55 илјади евра, за влог од само 8 евра.
Претходно среќниот добитник на убавата награда имаше погодено пет натпревари со иста игра, победа на еден од тимовите со услов и двата тима да постигнат барем по еден погодок. Последниот натпревар на тикетот му беше ВБА против Евертон со тип двојка и гол-гол и по 54 минути игра тоа изгледаше како невозможна мисија. ВБА водеше со 2-0, но тогаш блесна Лукаку со два гола и една асистенција за пресврт и победа на Евертон од 3-2. Тоа беше добитна комбинација за англичанецот, а карамелите му засладија добивка од 55 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепчанецот Лесноски за огромната добивка: Се тресев во исчекување, но овој пат „упали“
-
Второ зимско засилување за Евертон, Тео Волкот се сели на „Гудисон парк“
-
Ново засилување за Евертон: Турчинот Тосун се пресели на „Гудисон парк“
-
Евертон се засилува со турскиот голгетер: Ченк Тосун се сели на „Гудисон парк“?