| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ се вклучи во проектот „Млади поети“

Друштвото на писателите на Македонија се вклучи во проектот „Млади поети“ на Агенцијата за млади и за спорт. Жирито на ДПМ, со кое ќе раководи поетесата Виолета Златева – Танчева, годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, ќе додели три најгради за најуспешните песни  пристигнати  на конкурсот под наслов „Млади поети“ што го распиша Агенцијата за млади и за спорт на Република Македонија. Покрај плакета, младите поети ќе добијат и паричен износ, за првата награда – 15.000 денари, за втората 10.000 денари а за третата 5.000 денари.

Агенцијата за млади и за спорт објави конкурс за млади поети на возраст од 15 до 29 години во рамките на програмските определби за промовирање на творештвото на новите генерации во областа на пишаниот збор. Наградените песни и поширок избор од најуспешните стихови пристигнати на конкурсот  ќе бидат објавени во заедничка збирка.  Промоцијата на книгата ќе се одржи во Домот на македонските писатели, во соработка меѓу Агенцијата за млади и за спорт и ДПМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top