| четврток, 6 декември 2018 |

Базел го изненади Тотенхем, Челси, Бенфика и Фенербахче со плус два гола во реваншите (видео)

Базел го изненади Тотенхем, во првиот дуел од четврт-финалето од  Лигата на Европа и одигра 2-2 на „Вајт харт лејн“ во Лондон. Актуелниот европски првак Челси, поранешниот Бенфика и Фенербахче, имаат комотна предност од два гола, пред реваншите на 11 април.

Базел одигра одлично против фаворитот Тотенхем и заслужено се враќа со поволен резултат. Со головите на Штокер и на Фрај, по нешто повеќе од половина час игра, гостите од Швајцарија поведоа со 2-0, а Тотенхем, сепак, се спаси од пораз, со головите на Адебајор во првиот дел и на Сигурдсон во продолжението од натпреварот.

szólj hozzá: Tottenham 2-2 Basel www.foogoals.com

Фернандо Торес со два гола е најзаслужен за победата на Челси против Рубин, со 3-1. Шпанскиот напаѓач личеше на Зоро, со маска на лицето поради повреда, но одигра одлично и беше предводник на тимот од Лондон. Челси има шанса да биде првиот клуб во историјат,а што две години по ред освојува титули и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, по новиот формат. Виктор Мосес беше стрелец на третиот гол за Челси, а Начо со погодок од пенал, му даде надеж на Рубин за подвиг во реваншот.


szólj hozzá: Chelsea 3-1 Rubin Kazan www.foogoals.com

Родриго, Лима и Кардозо од пенал направија пресврт за идентичен триумф од 3-1 на Бенфика против Њукасл. Гостите од Англија поведоа со голот на Сисе, а истиот играч еднаш ја погоди и стативата.


szólj hozzá: Benfica 3-1 Newcastle www.foogoals.com

Најбурно, со многу остри стартови, еден црвен картон и дури 9 жолти, беше во Истанбул. Фенербахче во извонредна атмосфера го победи Лацио со 2-0 и има суперрезерва, пред реваншот во Рим. Онази беше исклучен на стартот од вториот дел кај Лацио, што умешно го искористија домаќините и со головите на Вебо од пенал во 78. минута и на Кајт во последните моменти, славеа победа од два гола разлика.


szólj hozzá: Fenerbahce 2-0 Lazio www.foogoals.com

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top