СДСМ преку измените на Изборниот законик се обидува да спречи ВМРО-ДПМНЕ да има политичка кампања, односно политичко агитирање и појавување на телевизија на функционери, се дознава извори упатени во процесот на меѓупартиските преговори.
Стравот од нов изборен пораз во СДСМ е преточен во предлогот „Да се забрани политичко агитирање, односно настап во медиумите на лица на јавни функции од таа позиција од денот на распишување на изборите. Од денот на утврдување како кандидат на изборите треба да се пренесуваат само информации за активностите што се нужни за работењето на државните органи, и тоа во имперсонална форма, како соопштенија“.
Со тоа, всушност, СДСМ бара закон кој би значел забрана на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори, само поради тоа што ја има поддршката од граѓаните и има одговорност да управува со државните институции, како и забрана да има политичка изборна кампања.
Доколку некој сака да учествува во кампања што е нормален процес и демократско право на секој субјект, според СДСМ, треба да си поднесе оставка. Тие оставки практично би значеле целосно замрзнување на институциите, блокирање на процесите и системот, а граѓаните покуси во остварувањето на своите права.
Зад ова стои несомнено стравот од пораз на СДСМ кој излегува на површина, и на секој начин тие се обидуваат преку вакви небулозни решенија да некој им ја надокнади разликата и ниската доверба која ја имаат меѓу граѓаните. Истовремено ваквиот предлог директно се коси со елементарните демократски права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)