Премиерот на Шпанија Маријано Рахој изјави дека е подготвен да разговара со новоизбраните сепаратисти во Каталонија, но истакна дека не сака ра разговара за крај на единствена Шпанија.
Тој рекол дека е подготвен да отвори дијалог со каталонскиот претседател Артур Мас, кој еден ден претходно ги доби изборите во Каталонија, како и со неговите сојузници.
– Постојат многу работи за кои може да разговараме. Но додека сум на чело на владата, за темата единствена Шпанија не може да се разговара, вели тој.
Шпанскиот премиер, исто така, вели дека е за здрав и демократски дијалог, но тоа што е „лудо“ и не е демократски е кршењето на законите.
Сепаратистичката партија на регионалните избори во Каталонија освоија апсолутно мнозинство во каталонскиот парламент. Едностраното прогласување независност на Каталонија се предвидува дека ќе се случи во рок од 18 месеци.
Централната влада во Мадрид вели дека ваквата одлука ќе се блокира на суд, затоа што шпанскиот устав не го дозволува тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.