| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени Дени од „Браво бенд“ (ФОТО)

1weddingbravo

Тапанарот на „Браво бенд“ и поранешно момче на Сања Николиќ, Дејан Младеновски-Дени се ожени со својата девојка Тина.

Свадбата се одржа во еден скопски ресторан. Гостите ги забавуваа групата „Арија“, а по вообичаената свадбарска музика следеше забавниот дел заедно со Нина Јанева.

Дени и Тина се заедно веќе неколку години, а тапанарот ја побара раката на саканата, која по професија е адвокат, преку стиховите од песната „Лутка”, кои специјално за неговата избраничка ги испеа Жаре од „САРС“.

2weddingbravp weddingbravo 12046778_10207711339244609_8433046706729655344_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top