| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата во јули годинава 21.861 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 21.861 денар и во однос на јули лани е повисока за 2,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

plata

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „уметност, забава и рекреација“ за 11 проценти, „други услужни дејности“  за 9,9 проценти и  „рударство и вадење камен за 4,6 проценти.  Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, статистиката евидентира во секторите „уметност, забава и рекреација“ за 10,2 проценти, „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 4,2 проценти и „јавна управа и одбрана“ и „задолжително социјално осигурување“ за 4,2 проценти.

Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава, изнесувала 32.145 денари. Во тој месец плата не примиле 1,7 проценти од вработените во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top