Радмило Михајловиќ е еден од најуспешните балкански фудбалски менаџери, а поранешниот играч на Железничар Сараево, Динамо Загреб и Баерн Минхен со многу комплименти се изјасни за квалитетите на македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.
„Го следев натпреварот меѓу Динамо и Арсенал и многу ме бендиса играта на Адеми. Па тој е фудбалер за големи дела и може да игра во најголемите клубови во Европа. Напаѓачот Пјаца ми личи на Бокшиќ, а Динамо има солиден тим кој покажа дека може да се носи рамноправно со европските гиганти“, вели Михајловиќ.
Тој долго време беше најскапо платен играч во Динамо Загреб со трансфер вреден 400 илјади марки, кога од Железничар пристигна на „Максимир“. Потоа замина во Баерн Минхен, а сега е еден од водечките спортски агенти на овие простори за купопродажба на фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.