| четврток, 6 декември 2018 |

Порталот на Герис „Плусинфо“ пренесува лажни цитати на пратеникот Џеват Адеми (ВИДЕО)

Порталот на Бранко Геровски, „Плусинфо“, кој е  еден од главните сосросови медиуми, започна со лажење и крајно неточно информирање на јавноста од настаните во Собранието на Република Македонија.

Веста која што ја пушти „Плусинфо“ околу процедуралната забелешка на Џеват Адеми е крајно непрофесионална и лажна, што зборува за фактот дека во овој електронски медиум се работи надвор од секоја новинарска етика и професионалност.

Имено, Геровски на својот портал се обиде да објави нешто што Џеват Адеми не го ни кажа. Сакајќи да прикрие тоа што Џеват Адеми кажа дека СДСМ ги прифатиле сите услови на ДУИ, тој се обиде оваа информација да ја изврти и да престави дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што Адеми ја спомнува.

Ова е веста каде што „Плусинфо“ пишува дека ВМРО-ДПМНЕ требало да ја плати цената за ставовите на Алијансата на Албанците и ДУИ, а не како што кажа Џеват Адеми дека СДСМ се тие што ја платиле цената за да дојдат на власт.

20170330_162332

Ова е снимка од вистинската изјава на Џеват Адеми во која кажува дека СДСМ ги прифатиле сите услови и дека тоа било цената за да ги поддржат да дојдат на власт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top