| четврток, 6 декември 2018 |

Американците се за легализација на марихуаната

Повеќето Американци поддржуваат легализација на марихуаната покажува најновото истражување

Промената во јавноста се должи на начинот на кој новите генерации ја доживуваат дрогата на нивната младост.

Според истражувањето 52 % наспроти  45%, од полнолетните гражани на САД сметаат дека марихуаната треба да биде легално користена. Истражувањето е спроведено од „Пју Истражувачкиот центар“ и во него се вели дека за прв пат по 4 децении истражување мнозинствотото е за легализација на марихуаната.

Големата промена се должи на промена на ставот дека марихуаната може да биде „пат“ до други потешки дроги како и дека нејзиното користење не е неморално.

До 2006 половина од испитаниците сметаа дека користење марихуана е неморално. Сега само една третина го сметаат  истото додека половината велат дека тоа не е прашање на морал.

Дури  72% наспроти 23%, од испитаниците сметаат дека напорите на федераланата влада на САД троши повеќе пари од што има корист и дека владата на САД не треба да ги спроведува „анти – марихуана“ законите во федералните единки каде има закон за легализација на марихуаната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top