| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид ќе биде комплетен во градското дерби против Атлетико на „Висенте Калдерон“

FC Barcelona vs Real Madrid

Тренерот на Реал Мадрид Рафа Бенитез може да здивне пред големото градско дерби против Атлетико Мадрид што се игра во рамките од седмото коло во Примера дивизија, следниот викенд.
Секако, дербито не би го имал тој шарм доколку не играат најдобрите фудбалери на двата тима, а добра вест за навивачите на „кралевите“ е што тројцата повредени, Бејл, Родригез и Рамос се враќаат во составот.
Минатата сезона Реал доживеа дебакл на „Висенте Калдерон“, кога Карло Анчелоти не можеше да смета на половина тим и заслужено беше поразен со 4-0, иако за неговиот тим не можеа да настапат Рамос, Модриќ, Пепе, Родригез и Марсело.
Единствениот кој нема да настапи поради повреда од почетниот состав е Пепе, но Варан е вистинска замена оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top