| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК одлучи: Граѓаните со странски адреси не гласаат на седми април

Гра­ѓа­ни­те што имаат македонски пасош со адреса на живеење надвор од Ма­ке­до­ни­ја, на 7 април нема да можат да гласаат во вториот круг од локалните избори, на кои ќе се избираат градоначалници во 32 општини.

Из­во­ри од Државната изборна комисија објаснуваат дека ваквата одлука е до­не­се­на едногласно од членовите на Комисијата.
Пот­прет­се­да­те­лот на ДИК Субхи Јакупи вели дека ова одлука е донесена поради тоа што повеќе општински изборни комисии пријавиле дека во првиот круг на из­бо­ри­те неколку избирачки одбори се соочиле со ваков проблем и биле во не­до­у­ми­ца дали да им дозволат на овие граѓани да го остварат правото на глас или не.
“Овие граѓани не можат да гласаат, бидејќи во патната исправа имаат една адреса на живеење која се наоѓа надвор од земјата, а во избирачкиот список се заведени со друга, македонска адреса. Со вакви различни податоци, никој од избирачкиот од­бор не може да провери дали се работи за истото лице или за друго. За да се ели­ми­ни­ра­ат евентуалните злоупотреби, ја донесовме одлуката”, објаснува Ја­ку­пи.
Спо­ред него, единствена можност овие граѓани да гласаат на седми април, е да има­ат македонска лична карта, во која имаат домашна адреса, со која се за­пи­ша­ни во единствениот избирачки список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top