| четврток, 6 декември 2018 |

Бајага барал 30 илјади евра да пее пред фудбалскиот натпревар Албанија – Србија

Историско смирување на фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Србија.

Bajaga

Организаторите на натпреварот за квалификации за ЕУРО 2016 наголемо се подготвуваат за меч со висок ризик, кој ќе се игра во градот Елбасан на стадион кој прима помалку од 13 илјади навивачи.

Албанците имаат намера воочи натпреварот, кој без сомнение ќе ја крене тензијата до вжештување, да организираат заеднички концерт на албански и на српски пејачи.

По поединечни настапи, планирано е со заеднички настап и песна за смирување, пејачите да ги смират тензиите и да го најават фудбалскиот натпревар.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, Албанците прво му понудиле на Момчило Бајагиќ Бајага и неговиот тим да бидат дел од историскиот концерт, но не постигнале договор бидејќи, наводно, цифрата од 30 илјади евра, колку што барал Бајага за настап, била експресно одбиена.

maxresdefault (1)

Не успеал ниту договор со Кики Лесендриќ, кој прво бил заинтересиран за настап во „Елбасан арената“ но по совети кои ги добил од свои „пријатели“, решил дека сепак е подобро да не ја прифати понудата.

До договор неодамна конечно дошло со еден српски бенд, но неговото име сѐ уште не се открива.

Српските и албански музичари триесетина минути пред натпреварот ќе излезат на бина пред илјадници навивачи и први ќе ги подадат рацете за историско смирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top