| четврток, 6 декември 2018 |

Сопствениците на автомобили во Грција ќе се соочат со поголеми даноци

Грчката Влада планира да собере 1,1 милијарди евра од патарини и патни даноци до крајот на годината, а со новиот договор за финансиска помош предвидено е да се соберат 72 милиони евра преку центрите за инспекција на возила и околу 150 милиони евра од данок на луксуз, кој ќе ги погоди сите возила со над 2,5 литарски мотори.

grcija1

 

Со оданочувањето на возилата, кое драстично се зголеми во последните неколку години, многу сопственици одлучија да ги вратат регистарските таблички и да не ги возат своите автомобили, особено сопствениците на луксузни автомобили и возила со големи мотори. Од 2009 година, имобилизирани се околу 772 илјади автомобили, што е загуба од повеќе од 750 милиони евра во даноци.

Досега само сопствениците на возила со дизел мотор имаат корист од ниски даноци, а некои дури и воопшто не плаќаат, но останува да се види дали на Владата да ја промени својата политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top