Во вториот дерби натпревар од шестото коло во Серија А лигата, Фиорентина на гостински терен го прегази Интер среде Милано.
На „Џузепе Меаца“ „виолетовите“ славеа со високои 4-1 против екипата која досега имаше стоотстотен ефект во лигата.
Со оваа победа тимот од Фиренца се искачи на првото место на табелата со 15 бода, заедно со „нероаѕурите“, но со подобра гол разлика.
Јувентус кој загуби во саботниот натпревар од Наполи, овој пораз на Интер му оди во прилог бидејќи бодовната разлика остана иста.
Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ одигра фантастичен меч, постигна хет – трик, а беше најзаслужен и за првиот гол што го постигна Иличиќ од пенал, уште во четвртата минута од средбата. Почесниот погодок за Интер беше дело на Мауро Икарди во 60.минута од натпреварот, а домашниот тим од 31.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Миранда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



