| четврток, 6 декември 2018 |

Втора книжевна работилница на ДПМ

Писателите Бобан Богатиновски, Љерка Тот Наумова, Петре Димовски, Милица Пашовска и Миле Јовановски Поречанец се учесници на Втората книжевна работилница на Друштвото на писателите на Македонија што ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Струга.
Книжевна работилница има симболичен наслов „Ракувања“, со мото: почит, толеранција, соработка и хуманост. Учесниците на книжевната работилница ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“, на брегот на Охридското Езеро, а потоа во Домот на културата во Струга, со учество на членовите на ДПМ од овој регион, ќе имаат заедничка литературна средба.
Овој проект на Друштвото на писателите на Македонија се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top