| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре доби неделна плата од 220 илјади фунти

Одличниот играч за врска на Манчестер Сити, Јаја Туре потврди дека го потпишал понудениот нов договор кој го обврзува да остане на “Итихат” до 2017 година.
Новиот договор на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска му гарантира неделна плата од 220 илјади фунти.
“Тука сакам да бидам и во наредните неколку години. Кога потпишав за Сити секоја вечер сонував како ја освојуваме шампионската титула во англиската Премиер лига. Сега имам друг сон, сонувам како се најдобриот тим во сите натпреварувања. Никогаш нема да заборавам како сум третиран од клупските челници и од најверните фанови. Сакам тука да ја завршам мојата кариера. Сакам да продолжам со освојувањето на титулите и на трофеиите, сакам да сум дел од клупската историја, изјави одличниот играч за врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top