Во бродот кој се преврте попладнево на регатата Латинско едро во Хрватска, биле и тројца хрватски министри, за поморски сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ, за туризам Дарко Лоренцин и екологија Михаел Змајловиќ, јавуваат хрватските медиуми.
Никој од членовите на екипажот не е повреден, а како помош веднаш пристигнале регатните патролни глисери.
Сопственикот на бродот и претседател на здружението Латинско едро, Жељко Јерат изјави дека за таа незгода причина било неискуството на екипажот. Но според него, најважно е што никој не е повреден.
Латинско едро е регата која традиционално се одржува 18 година по ред. На стартот биле 51 брод, но некои се откажале поради бурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.